
Полскиот претседател Анджеј Дуда ја предупреди германската индустрија дека ќе биде „окупиран“ Берлин и „испратена во Сибир“, доколку и натаму води бизниси со Русија.
„Ние Полјаците многу добро ја разбираме ситуацијата. Никој не кажува ниту збор за водење бизнис со Русија, бидејќи повторно можеме да бидеме загрозени од присуството на руската армија овде. Тоа значи смрт, егзекуции, испраќање во Сибир“, рече Дуда во изјавата за германскиот таблоид Bild кое во делови е објавено на YouTube.
Полскиот претседател, како што рече, критикува „дел од германската индустрија“ кој сѐ уште се залага за одржување на економските контакти со Русија. Германските компании бележат стотици милиони евра загуби откако по почетокот на војната во Украина се повлекоа од големиот руски пазар, но уште повеќе стравуваат од прекинувањето на снабдувањето со руски енергенси од кои се силно зависни што ќе се одрази и на нивното производство.
„Простете, можеби некој во Германија ќе се навреди, тој дел од германската индустрија не се грижи за она што се случува со Украина, што се случува со Полска. Тие велат: сакаме да се занимаваме со бизнис, сакаме да ги продаваме нашите производи. Сакаме да купуваме поевтин гас и да увезуваме нафта. Можеби германската економија не верува дека руската армија ќе може уште еднаш да слави голема победа во Берлин и да окупира дел од Германија. Ние во Полска знаеме дека тоа е возможно. И затоа ги повикуваме светот и Европа да не работат како порано со Русија“, рече Дуда.
Во претходен дел од истото интервју објавено во средата вечерта, полскиот претседател повторно ги критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц поради тоа што го продолжуваат дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин и покрај руската воена интервенција во Украина.
„Запрепастен сум со сите тие разговори со Путин, кои ги водата канцеларот Шолц и претседател Макрон. Со тие разговори не се постигнува ништо“, изјави Дуда за германскиот весник Bild.
Дуда, чијашто земја сака да се наметне како најголем антируски поддржувач на Украина а некои ја обвинуваат Варшава и дека има одредени територијални претензии на западот од соседната земја, рече дека „разговарањето со Путин претставува вид легитимизација на личноста одговорна за злосторствата кои руската војска ги сторила во Украина“.
„Самиот Путин е одговорен за испраќање на својата војска во Украина“, рече Дуда додавајќи дека го „поддржуваат неговите воени команданти“.
Полскиот челник рече дека ситуацијата според него била споредлива со (германскиот нацистички водач) Алдолф Хитлер во Втората светска војна.
„А дали некој разговараше со Адолф Хитлер во текот на Втората светска војна? Дали некој рече дека мора да го сочува образот? Дека работите мора да се прават на начин да не се понижи Адолф Хитлер?“. запраша Дуда алудирајќи на неодамнешната изјава на Макрон за тоа како тој смета дека на Путин може да му понуди запирање на војната.