
Двајцата Британци и Мароканецот кои се бореле на страата на силите лојални на власта во Киев а беа заробени од руските сили во Украина, се осудени во четвртокот на смрт, јави новинската агенција РИА Новости цириајќи ја пресудата на судот во одметната проруска самопрогласена Доњецка Народна Република.
Истрагата утврдила дека двајцата Британци и Мароканецот учествувале „во вооружената агресија од Украина за насилно преземање на власта во ДНР за одредена сума“.
Тројцата, кои обвинети како платеници, во средата според видоеснимката објавена на руските медиум, признаа да го прекршиле законот на ткн ДНР која се однесува на „обука со цел извршување терористички активности“. За овие дела, им се закануваше затворска казна од 15 до 20 години или доживотен затвор.
Во медиумските извештаи беше наведено дека, покрај тоа Пинер и Брахим, исто така, се изјасниле за виновни за дејствија насочени кон насилно преземање на власта во Доњецк, за што е предвидена затворска казна од 12 до 20 години, но во отежнувачки околности или во време на војна делото се казнува со смртна казна и со конфискација на имот.
Воедно двајцата не ја признале вината според обвинението за „учество на платеник во вооружен судир или воени дејствија“.
Британците Шон Пинер, Ејден Аслин и Мароканецот Саадун Брахи им се предале на проруските и руските сили во јужниот црноморски пристанишен град Мариупол кон средината на април. Тогаш портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков предупреди дека „платениците кои пристигнуваат во Украина не се сметаат за борци, и оти најдоброто што може да го очекуваат е долготрајна затворска казна“.
Во вторникот британскиот вицепремиер Доминик Рааб изјави дека британската влада има намера да поднесе протест во врска со покренувањето на кривичната постапка против Аспин.