
Германскиот канцелар Олаф Шолц со денешната посета на Косово ја почнува турнејата на Балканот во текот на која ќе ги посети и Србија, Северна Македонија и Бугарија. Според аналитичарите, оваа прва посета на Шолц на Балканот како германски канцелар е дел од напорите за решавање на замрзнатите спорови, а главната цел на неговата мини-турнеја е да ги помести политичките блокади од мртва точка. Шолц, освен разговорите со официјалните претставници на Косово ќе ги посети германските војници на КФОР, по што заминува за Белград.