
Чешката полиција соопшти дека во петокот во акција за заплена на кокаин биле запленети вкупно 840 килограми од наркотикот. Неговата цена на „црниот пазар“ се проценува на над две милијарди круни, или околу 80 милиони евра.
Половина тон кокаин во кутии со банани претходно во петокот е откриен од вработени во супермаркети во чешките градови Јичин и Рихнове-над-Кнежноу, објави на својата Twitter страница чешката полиција.
„Пакетите со кокаинот во кутии со банани денеска попладнето се пронајдени од вработени во супермаркетите во Јичин и Рихнове-над-Кнежноу. Криминалистичките иследници утврдиле дека сличен ‘товар“ дошол и во некои други места во Чешката Република. Националниот центар за борба со наркотици ја води истрагата“, се наведува во првичната објава на полицијата.
Вредноста на кокаинот на уличниот пазар надминува 1,5 милијарди чешки круни, односно околу 60 милиони евра. Според првичните информации, дрогата била испорачана од Колумбија.
Чешката полицијата во врска со заплената соработува со полициски служби од други земји, како и со Интерпол, се додава. Се претпоставува дека слични „пратки“, дека картелите би можеле да испраќаат и во друга европски земји.