САД предупредуваат дека Кина станува „сѐ поагресивна“

Соединетите држави ќе го извршат својот дел од работата за да ги ублажат тензиите со Кина и да спречат судир, иако Пекинг станува сѐ поагресивен во азискиот регион, вклучително и во близина на Тајван, изјави во саботата американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

Односите меѓу Кина и САД особено последните месеци се напнати, а двете најголеми светски економии се конфронтираат околу разни прашања по забелешки на Вашингтон, од човековите права во Кина, преку прашањето на Тајван до воените активности во Јужнокинеското Море.

Обраќајќи се на азискиот безбедносен собир Дијалог Шангри-Ла, Остин рече дека САД и натаму ќе стојат до своите сојузници, вклучително и Тајван кој воено го помагаат со децении, а островот Кина ги смета за своја одметната провинција и составен дел на нејзината територија.

„Тоа е особено важно, имајќи предвид дека Народна Република Кина покажува сѐ повеќе присила и агресија во своите територијални барања“, додаде американскиот министер за одбрана.

Пекинг изминатите месеци остро ги предупреди САД за контроверзните изјави со кои навестуваат дека ја напуштаат доктрината „една Кина“ и порачуваат дека островот Тајван, доколку е потребно, ќе го вклучи во составот на земјата и со сила.

На средбата меѓу Остин и кинескиот министер за одбрана Веи Фенгхе, двете страни повторија дека сакаат подобро управување со меѓусебните односи, иако немаше никаков сигнал дека ги надминале меѓусебните несогласувања.

„Доколку некој се осуди да го оддели Тајван од Кина, кинеската војска нема да се двоуми ниту момент да започне војна, каква и да биде цената“, му рекол Веи на Лојд, соопшти кинеското министерство за одбрана и порача дека Пекинг „ќе го сосече на илјадници парчиња“ секој обид за независност.

Остин, пак, му рекол на Веи „дека треба воздржаност од секаква нова дестабилизирачка акција во регионот“, објави Пентагон. Претходно во петокот тајванското министерство за надворешни работи им се заблагодари на САД на поддршката и ги осуди „апсурдните“ кинески барања.

Во саботата на споменатиот безбедносен форум, Остин порача дека САД и натаму, кога станува збор за Тајван, се противат на какви и да се еднострани промени на „статус-квото“.

„Нашата политика не е променета. За жал, се чините дека тоа не важи и за Кина“, рече за Остин.