
Ракометарите на Вардар на 1 јули ќе ги дознаат ривалите за претстојната сезона во ракометната Лига на шампиони.
Македонскиот првак веќе е пријавен во ЕХФ од страна на Ракометната федерација на Македонија и ќе биде дел од ждрепката што е закажана во Виена на првиот ден од седмиот месец.
Досега се познати седум можни ривали на „црвено-црниот“ тим – Магдебург, Кил, ПСЖ, Барселона, Келце, Порто, Динамо Букурешт, а викендов ќе бидат познати уште два по решавачките битки за титула во Унгарија (Веспрем/ПИК Сегед) и Данска (ГОГ Гудме/Алборг).
Покрај овие девет екипи, ЕХФ ќе додели и шест вајлд-карти, па кога ќе бидат познати сите учесници, ќе се знаат и шеширите пред ждрепката.