
Здружението на Украинци во Северна Македонија „Лесја Украинка“ денеска во Скопје одржа протест против руската воена агресија врз Украина.
Протестот започна околу детското игралиште зад Универзалната сала и заврши пред Амбасадата на Руската Федерација во Северна Македонија.
Како што посочија од Здружението, протестот се организира за „да потсетат на злосторствата извршени врз Украина и на одземените невини животи, вклучително и на децата“.