
Во Вселенската патријаршија во Истанбул, вселенскиот патријарх г. Вартоломеј и архиепископот охридски г. Стефан заеднички ја одржуваат првата Патријаршиска и синодална света литургија по примањето на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви, со што се отстрани повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква.
Сослужувањето на патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан во соборниот храм „Свети Георгиј Победоносец“ во Фанар (Истанбул) се одвива и на македонски јазик, што претставува голем историски момент.
На литургијата присуствува и владина делегација на чело со премиерот Димитар Ковачевски.