
Во ливада во атарот на селото Конопница, Крива Паланка, вчера попладне бил пронајден дел од човечки труп, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
– Вчера попладне, околу 17 часот и 24 минути во полициската станица, одделение за внатрешни работи Крива Паланка, било пријавено дело во ливада во Конопница пронајдени се облека и дел од човечки труп. За настанот веднаш бил известен јавен обвинител и увид извршила екипа на ОВР Крива Паланка – информира портпаролот на Секторот за внатрешни работи Куманово, Ивана Младеновска.
Таа дополнува дека по наредба на Јавен обвинител ќе биде извршена обдукција.