Андоновски: Решение за кризите што ги направи оваа Влада се предвремени парламентарни избори

Повикот на претседателот на партијата Христијан Мицкоски е за еден масовен, можеби и најмасовен протестен собир кој ВМРО-ДПМНЕ било кога го предводело, изјави секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски во вечерашното гостување во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24.

Андоновски потенцираше дека протестот е против оваа Влада и е поради сето ова што го прави Ковачевски кое е лошо.

„Затоа ВМРО-ДПМНЕ излегува на протест. Главното решение е предвремени парламентари избори, со предвремени парламентарни избори и нова гарнитура ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди платформа на која граѓантие ќе можат да и веруваат и граѓаните ќе бидат сигурни дека се грижи за нивните интереси а не некој да седи во удобни фотелји а да нема резултати“, рече Андоновски.

Во текот на дебатата претставникот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека „отворено треба човек да им каже на Бугарите каде им е местото“, а не премиерот Димитар Ковачевски да се смее како мало детенце која слушнала некаква шега, во однос на неодамнешната изјава на албанскиот премиер Еди Рама за Македонија како „идна Западна Бугарија“.

„Ставот треба да биде дека Македонија е Македонија и дека секој има право да постои. Тоа за жал ние го немаме во македонската дипломатија и лидершип тоа е една криза на националниот идентитет и како криза на националниот идентитет протестот ќе биде како резултат на таа криза“, заклучи Андоновски.