
ВМРО-ДПМНЕ во сабота, 18 јуни, со почеток од 20 часот, ќе го организира големиот општонароден протест пред македонската Влада. Со него сака да порача дека е време за промени. Од партијата ги повикуваат сите граѓани кои се незадоволни од досегашното владеење на СДСМ и ДУИ, масовно да се приклучат на протестот.
„Почетокот на крајот вели дека тргнуваме за рушење на Владата која е именител на сите наши колективни порази и неуспеси. Стануваме на нозе, еден до друг, заедно, против Владата затоа што ПРЕМНОГУ Е! ПРОТЕСТОТ Е ЗА ПРОМЕНИ. Заедно, здружено, одлучно, за нашата Македонија, повика претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.
Ова се збирните места и рутата до Влада за големиот протест во сабота: