Курир.рс: Илјадници Македонци се собраа во Центарот на Скопје – Опозицијата бара предвремени парламентарни избори

Во Скопје се одржува голем протест во организација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ со барање за предвремени парламентарни избори, објави Kurir.rs

Најголемата македонска опозициска партија соопшти дека има повеќе причини за одржување на предвремени парламентарни избори.

„Македонија потона во сиромаштија, беда, цените на основните прехранбени производи се високи, горивото е најскапо во регионот, струјата е скапа, платите ниски, инфлацијата висока, здравството е уништено, образованието е катастрофално. Колапс на економијата, распродадени национални и државни интереси, Бугарија не понижува, голем број граѓани се иселуваат, криминал, корупција, тендери во четири очи, се само дел од работите со кои се соочуваат граѓаните за време на владеењето на СДСМ и ДУИ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според претходните проценки на организаторите, се очекувало на протестот да присуствуваат околу 80.000 луѓе.