
22 годишно момче од Македонија се удави вчера на плажата Утјеха, помеѓу Бар и Улцињ, објави агенцијата СРНА.
Момчето се удавило околу 18 часот. На телото немало траги на насилство, а дополнително треба да се утврди причината за смртта. Обвинителот ќе нареди обдукција, објавија црногорските медиуми.
Според објавите во локалните медиуми, момчето требало да работи како сезонски работник во Црна Гора.