Сончево и топло, температурите до 34 степени

Во понеделникот во Македонија ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност, а во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринските температури се во интервал од 11 до 16, а дневните ќе се движат од 27 до 34 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Малку посвежо ќе биде во западниот и во источниот дел, претежно на повисоките места со температури до 24 односно до 27 Целзиусови степени, кои се предвидуваат и за југозападниот дел од земјата.

И во Скопје и околината се очекува топло време со умерена облачност. Утринската температура е до 14 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 31

Во следните денови ќе преовладува топло време со позначителен пораст на температурите. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен северозападен ветер.

Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во средината на седмицата.