
По забелешките на корисниците констатирани во последната анкета, ЈП „Градски Паркинг“ – Скопје презеде вонредна активност за чистење на катната гаража „26 Јули“.
Минатата недела беше спроведена акција во која целодневно се чистеа паркинзите и вертикалите на сите 8 нивоа со специјални машини за чистење и отстранување на маслото од катната гаража.
Претпријатието и во иднина ќе спроведува акции од ваков тип се со цел одржување на хигиената на катните гаражи.