
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 777 тестови, а регистрирани се 93 нови случаи на КОВИД-19. Во: Скопје – 52, Охрид – 13, Битола, Кавадарци и Штип – по 4, Прилеп – 3, Куманово, Тетово, Кочани и Ресен – по 2, Велес, Гостивар, Струмица, Берово и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (93), има 20 реинфекции.
Оздравеле 14 пациенти од: Скопје – 4, Куманово и Кавадарци – по 3, Битола, Прилеп, Велес и Кичево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.074.909 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 313.252, на оздравени пациенти е 303.410, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 520.