
Организацијата ОМО Илинден преку нејзиниот член Атанас Кирјаков денеска побара од македонските медиуми да не ја мешаат со партијата ОМО Илинден-Пирин и нејзините активности да не и ги препишуваат на партијата.
Во многу македонски печатни и електронски медиуми читаме и слушаме за наши активности во Пиринска Македонија, кои активности се препишуваат на ОМО „Илинден“ – ПИРИН , а не на нашата ОМО „Илинден“. Македонските новинари и широката македонска јавност треба да знаат дека во Пиринска Македонија постојат ДВЕ , а не едно македонско движење, вели Кирјаков.
Тој објаснува дека едното движење е ОМО „Илинден“ кое е македонска организација ( основана на 14.04.1990 г.во градот Сандански , и со актуелен претседател Кирил Тилев).
Другото е ОМО „Илинден “- ПИРИН, кое плус е партија со раководство од седум члена на управителното тело.