Во Хрватска потврден првиот случај на мајмунски сипаници

Во Хрватска е потврден првиот случај на зараза со мајмунски сипаници, пренесе во четвртокот ноќта HRT повикувајќи се на потврдата од загрепската Клиника за инфективни болести „Др. Фран Михаљевиќ“.

Сомневањето на заразата со болеста била потврдена во текот на вечерта со PCR тест.

Станува збор за маж, чиј идентитет и возраст не се соопштени, кој престојувал во Италија и во Швајцарија. Пациентот има блага форма на мајмунски сипаници и не е хоспитализиран, туку е во домашна изолација.

Мајмунски сипаници се вирусна којашто забрзано се шири во Европа. Повеќе од 2.500 случаи на мајмунски сипаници се потврдени надвор од Африка, каде што оваа болест е ендемска.