
Почнува Вимблдон, а по традиција во 14:30 часот денеска бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ на централниот терен ќе се сретне со Сун Ву Квон од Јужна Кореја.
Овогодинешниот Вимблдон ќе остане запаметен и по одлуката на домаќинот да не им дозволи на руските и белоруските тенисери на настапат на турнирот.
Ву Квон е првата пречка за Ѓоковиќ кој цели кој седмата титула во Лондон. Двајцата тенисери досегa се сретнале само еднаш.
Ѓоковиќ повторно е фаворит за титулата на Вимблдон. За 11 тениски експерти во анализата за порталот ЕСПН, Србинот е освојувач на турнирот, додека за други фаворит е Матео Беретини, кој минатата година беше финалист.
Турнирот трае до 10 јули, а наградниот фонд изнесува повеќе 40 миниони фунти.