
Се утврдило дека е лажна тревога пријавата за поставена бомба во Железничката станица Скопје. Од МВР појаснуваат дека се работи за заборавен куфер во кој имало облека.
-Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица- Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за едно лице кое го оставило куферот, во кој имало облека односно нема никаква опасност за граѓаните, велат од МВР.