
Преговори во полн ек – Османи и Генчовска вчера во Софија во нов обид за решение прифатливо за двете страни, брифираат дипломатски извори за ТВ 24.
Тие велат дека експертски тим од 3 претставници од МНР предводен од министерот Османи вчера бил во еднодневна посета на Софија, а во бугарското МНР заедно со шефицата на бугарската дипломатија во заминување Генчовска и нејзиниот тим се разговарало за нова поприфатлива верзија на францускиот предлог. Според нашите извори преговорите се во сензитивна фаза, а Софија засега не попушта за бугарските црвени линии, кои македонската страна ги дефинираше како неприфатливи.
За македонската страна предлогот од Париз во оваа форма е официјално неприфатлив , а дека нема ништо ново на повидок денеска потврди и премиерот.