
Украина во средата успеала да ја реализира најголемата размена на воени заробеници од почетокот на војната, осигурувајќи враќање на 144 војници, меѓу кои се 95 борци од челичарницата „Азов“ крај Мариопул, а ослободување ист број проруски и руски војници договори и самопрогласената проруска Народна Република Доњецк.
Според украинската воена разузнавачка служба, повеќето од украински воени заробеници биле потешко ранети, со прострелни рани, изгореници, фрактури и ампутирани екстремитети.
Руското министерство за одбрана не извести за размена на заробениците, но челникот на Народна Република Доњецк изјави дека ослободени се 144 сепаратистички борци, вклучително и руски војници.
„На Киев му предадовме ист број заробеници од украинските вооружени единици, од кои повеќето беа ранети на кои им беше неопходна итна медицинска помош“, која сепаратисите не можеле да ја пружи, изјави Денис Пушилин.
„Нашата основан задача е спасувањето на борците кои учествуваа во ослободителната специјална операција“, истакна Пушилин.
Уште илјади украински борци се во руско и проруско заробеништво, а Киев е особено загрижен за судбината на борците на бригадата „Азов“. Во денешната размена имало и 43 борци од оваа едница.
Русија предупреди дека припадниците на паравоените украински формации кои се составени од припадници на неонацистичките движење и ултранационалистите ќе ги гони за најбруталните воени злосторства и оти без разлика на тоа што Киев ги вброи во регуларните сили, таа не ги признава за регуларни војници кои потпаѓаат под правилата за војување.