
Русија во средата порача дека ограничувањата коишто ги наметна Норвешка оневозможувајќи го транспортот на стоки до руските населби на арктичкиот архипелаг е Шпицберген (норвешки Свалбард) ќе водат до неспецифицирани „мерки на одмазда“ доколку Осло не ја разреши таквата ситуација.
Шпицберген (Свилбард), архипелаг меѓу норвешкиот северен брег и Северниот пол, припаѓа на Норвешка но Русија има право на експлоатација ан природните ресурси врз основа на договор постигнат уште во 1920 година а некои делови од архипелагот се населени исклучително со руско население.
Норвешка, која не е членка на Европската унија но ги применува нејзините санкции против Русија, порача дека санкциите нема да се однесуваат на транспортот на стоки до Свалбард. Меѓутоа, голем дела од товарот наменет за руските населби прво минува низ контролна точка ве матичната Норвешка, којашто, пак, е затворена за стоките кои се на листата санкции.
Руското министерство за надворешни работи го повика норвешкиот амбасадор на разговор поради ограничувањата на транспортот, за кои вели дека го нарушиле снабдувањето за критичните потреби, вклучително и храната, лекови и медицинска опрема.
Официјална Москва ситуацијата ја нарече „неприфатлива“ и предупреди дека „непријателското“ дејствување против Русија ќе доведе до „одмазнички мерки“. Норвешкото министерство за надворешни работи, пак, досега не се огласи во јавноста.
Русија по почетокот на, како што ја нарекува „специјалната воена операција “ во Украина од крајот на февруари се соочува со уште дополнителни пакети остри санкции од Западот, кои меѓу другото го ограничуваат и превозот на нејзини стоки низ Европа. Литванија оваа седмица започна да применува санкции на транспортот на стоки за руската балтичка енклава Калининград преку железница, но во Брисел се свесни дека ваквата санкција не е според меѓународните стандарди, а до Вилнус велат дека добиле сигнали од Брисел дека ќе се направи корекција на литванските мерки.