
Кетанџи Браун Џексон ја положи свечената обврска во четвртокот за судијка на американскиот Врховен суд и влезе во историјата како првата црнкиња во највисокото американско правосудно тело.
Педесет иедногодишната Џексон се придружува на неолибералниот блок во судот во кој конзервативците имаат мнозинство од шест наспроти три.
Џексон, која е избор Џо Бајден, е замена за пензионираниот неолибералниот судија Стивен Брејер, а нејзината свечена обврска следеше шест дена откако Врховниот суд ја поништи пресудата „Ро против Вејд“ од 1973 година со која абортусот беше легализиран во целите САД.
„Во името на сите членови на судот, задоволство ми е да ѝ посакам добредојде на судијката Џексон во судот и нашиот заеднички повик“, изјави главниот судија Џон Робертс на свеченоста.
Анкетата спроведена од Reuters/Ipsos оваа седмица покажа дека повеќето Американци, околу 57 отсто, има негативен став за судот по поништувањето на пресудата за легализација на абортусот, што е значително отклонување во однос на почетокот на јуни кога тесно мнозинство имаше позитивниот став.
Џексон е 116-та судија, шестата жена и трето лице од црната раса којашто е во Врховниот суд на САД од неговото основање во 1789 година. Со тоа е исполнето ветувањето на Бајден во претседателската кампања во 2020 година и дека ќе именува црнкиња во Врховниот суд,