
Челниците на државите членки на НАТО ја започнаа во четвртокот последната работна седмица од самитот во Мадрид со дискусија за јужното соседство и борбата против тероризмот.
„Блискиот исток, северна Африка и Сахекл се соочуваат со меѓусебно поврзани безбедносни, демографски, економски и политички предизвици, кои се дополнително влошени од климатските промени и несигурноста од снабдувањето со храна поради војната во Украина“, тврдеше на почетокот од состанокот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Додаде дека во интерес на Алијансата е тесната соработка со партнерите на југот за заедничка борба против причините за нестабилноста и зајакнување на борбата против тероризмот.
Претходно во средата во фокусот на дискусиите на самитот на НАТО беше војната која Русија ја започна во Украина, и нејзините последици. Усвоен е нов концепт за следните десет години во кој се дефинирани безбедносните предизвици со кој се соочува воениот сојуз.
Русија е дефинирана како „најголема и директна закана за безбедноста на сојузниците и за мирот и безбедноста во евроатлантското подрачје“. Во Стратешкиот концепт првпат како предизвик се споменува и Кина.
По отстранувањето на блокадата од Турција, НАТО ги покани Финска и Шведска во членството.
Пред почетокот на последната работна седница беше потпишано и писмо со намери за новиот фонд за иновации на НАТО, кој предводува вложувања од милијарда евра за развој на стартапи во раната фаза, а кое го потпишаа челниците на 22 земји членки.
„Задржувањето на технолошката предност помогна да се одржи нашиот сојуз силен и нашите држави безбедни повеќе од 70 години. Но денес нациите кои не ги споделуваат нашите вредности како Русија и Кина го доведуваат тоа водство во сѐ, од вештачката интелигенција до вселенските технологии. Клучно е да сториме сѐ што можеме за да го задржиме ова водство кога станува збор за иновациите и технологијата. Овој фонд покрај акцелератот за одбранбени технологии на НАТО ќе ни помогне во тоа“, рече Столтенберг.