
Пратеникот Љупчо Пренџов вели дека во законодавниот дом не може да се носат штетни закони за граѓани и дека нема место за неуставни закони.
-Бадијала кршеа собраниски инвентар!
Бадијала фрлаа со филџани и правеа циркузи во Собранието.
Бадијала кршеа закони и деловник!
Бадијала ја обвинуваа опозицијата за да ги покријат сопствените нервози, стравови и хирови!
Во Собранието нема место за неуставни закони.
Во Собранието нема место за закони со кои ќе им се продолжува работниот век на судиите и обвинителите на СДСМ избрани во ‘90те!
Во Собранието не може да се носат штетни закони за граѓаните.
Утре продолжувме со интерпелацијата за најодговорниот во целата ова лакрдија која се случува во собранието и државата, пишува Пренџов на Фејсбук во статус објавен синоќа.