
„Јаве или сон“ е новата песна која ја промовираше групата Ареа.
Видео записот за оваа песна го режираше, снимаше и монтираше Александар Ристовски.
Снимањето се одвиваше на локација старо училиште во село Кучково, Скопско, а во снимањето учествуваа и голем број на нивни пријатели како статисти.
Од Ареа истакнуваат дека песната е дел од нивниот нов албум кој ќе биде промовиран деновиве.