Врховниот суд на САД ги ограничи овластување на Агенцијата за заштита на животната средина

Американскиот Врховен суд во четвртокот ги ограничи овластувањето на федералната влада при носењето регулации за намалување на емисиите на гасовите за кои се тврди дека го предизвикуваат ефектот на стаклената градина од електроцентралите, што е одлука којашто го поткопува планот на претседателот Џо Бајден за борба против климатските промени.

Одлуката на судот, којашто ја поддржале шест а ја одбиле тројца судии, ги намалува овластувањата на Агенцијата за заштита на животната средина (EPA) во регулацијата на електроцентралите на јаглен и гас.

Пресудата ќе има импликации подалекусежни од самота EPA, бидејќи отвора нови правни прашања за одлуките коишто ги носат федералните агенции. Конзервативното мнозинство во Врховниот суд на САД уште претходно навести дека се противи на јакнењето на федералните овластувања.

Врховниот суд со одлуката ја отфрли пресудата од пониска инстанција од 2021 година со којашто беше соборена мерката за чиста енергија на претходниот републикански претседател Доналд Трамп. Таа мерка, којашто администрацијата на неговиот демократски наследник на должноста Џо Бајден најави дека нема да ја продолжи, ја ограничуваше моќта на EPA да ги регулира емисиите од постојните електрични централи.

Судиите ја следат правната доктрина којашто смета дека таквите одлуки за „големи прашања“ со силни општествени влијанија, треба да имаат експлицитна поддршка во Конгресот, забележува Reuters.