Девојка тешко повредена во сообраќајка во Струмица

Во петокот околу 10,45 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо партнер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Е.Ј. од Струмица и мотоцикл „бмв“, управуван од П.Р. на 26 години од Струмица, информира МВР.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила П.Р., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.