
Машката ракометна репрезентација на Македонија обезбеди учествво во полуфиналните пресметки на Медитеранските игри во Алжир.
По убедливиот триумф на Шпанија над Алжир со 31:19, стана јасно дека домаќинот нема шанси да напредува од третото место во групата. Така, Македонија со две победи, едно реми и еден пораз, како и со подобра гол-разлика од Алжир, го освои второто место со пет бода и се пласира во полуфиналето.
Ривал на нашата селекција ќе биде Египет, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Шпанија и Србија.
Мечот меѓу Македонија и Египет ќе се игра на 4-ти јули од 14 часот.