
Еден од ретките бугарски политичари кој има имиџ на умереност, Христо Иванов, лидерот на Демократска Бугарија, којашто, пак, беше единствената партија на последните парламентарни избори во Бугарија со став против ветото кон Македонија, за Бугарската национална телевизија (БНТ) тврди дека премиерот Димитар Ковачевски, претседателот Стево Пендаровски, како и министрите за надворешни работи и еввроинтеграции Бујар Османи и Бојан Маричиќ, лажат оти се работи за „нов и подобар предлог“ само за да го убедат народот тој да биде прифатен.
„Политичките елити во Скопје се обидуваат да ја сменат реториката за тоа решение, преку редактирање на некои суштествени делови, како аргумент за да го убедат македонското општеството дека треба да се прифати тоа што им е понудено. И тоа е правилно“, истакна Иванов.
Иванов, кој инаку тврди дека е Македонец по мајка, а истовремено и еден од авторите на ткн „францускиот предлог“, односно предлог на француското претседателство со Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори на Македонија со Европската унија, уверува дека не само што нема поразличен предлог, туку и дека доколку Македонија започне преговори со Унијата, најмалку 10 години ќе биде под надзор на Бугарија и напредокот ќе зависи од исполнување на бугарските барања.
„Тоа решение го заштитува бугарскиот национален интерес. Тоа решение има цел да ја заштити бугарската кауза во Македонија. Следат најмалку 10 години во кои Македонија ќе преговара со Европската Унија. Ние во целиот тој процес ќе ја задржиме нашата можност да укажуваме на различниот степен на напредок, со поддршка на европската комисија и советот на европската унија, додаде Иванов.
Целата вест на ТВ Алфа може да ја проследите ТУКА.