
Македонскиот ракометен репрезентативец Гоце Георгиевски во „црвено-црниот“ дрес ќе остане и во наредните две сезони.
Георгиeвски во редовите на старо-новиот шампион на Македонија пристигна во текот на 2020 година од редовите на ЧСМ Букурешт каде што играше четири сезони, а една сезона мина во француски Тулуз. Пред да се пресели во Тулуз настапуваше за матичниот Металург.
Вардар во новата сезона ќе игра само во домашниот шампионат и во СЕХА лигата, откако ЕХФ одлучи да го исклучи најтрофејниот клуб од Македонија од Лигата на шампионите, односно од сите натпреварувања под капата на европската ракометна куќа.