
Ноќта кон неделата околу 1,30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 23-годишниот А.Д. од кичевското село Горно Строгомиште, излетало од патот.
Возачот и сопатникот Л.Р., на 24 година, од Кичево биле пренесени во Општата болница во Кичево, а потоа во приватна болница во Скопје, каде на здобиените повреди подлегнал сопатникот Л.Р., а возачот бил задржан на лекување со тешки телесни повреди. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екип