
Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе го прими претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој е во еднодневна посета на Македонија.
Инаку, како што соопшти владината прес служба, во рамки на посетата високиот претставник од Советот на Европа ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Владата Димитар Ковачевски.
Потоа е предвидено да присуствува на владината седница, по што во 13:15 часот премиерот Ковачевски и претседателот на Советот на Европа Мишел, ќе одржат заедничка прес-конференција.