
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска ги додели грантовите за финансиска поддршка на студенти иноватори.
-Доделени грантови за финансиска поддршка на студенти иноватори. Денес во просториите на општина Гази Баба ги доделивме грантовите за финансирање на студенти иноватори. Целта на овој проект е поттикнување на студентите слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат. Основната цел на овој проект е мотивирање на студентите да размислуваат иновативно, а она што истите како проект ќе го замислат општината ќе биде партнер во неговата реализација, посочи Стефковски.
Како што истакна, мудрите луѓе запишале дека за креативноста е потребна храброст.
-Како градоначалник на општина Гази Баба ги охрабрувам и поттикнувам студентите да бидат иновативни и креативни, а мојата и поддршката на општината ќе ја имаат во реализација на нивните проекти. Гази Баба го живее новото време. Заедно градиме успешна и силна општина, дом за сите луѓе, напиша Стефковски на Фејсбук.