И денеска протест во 19 часот

„Ултиматум, не благодарам“ повикува на масовен и мирен протест вечерва во 19:00 часот. Повторно пред Влада преку МНР до Собрание.

-Да кажеме не на бугаразицијата. Не за полициските инфилтрати и не за полициското насилство. Да излеземе масовно и достоинствено, стои во поканата.

Граѓаните и денеска масовно ќе се спротивстават на понижувачкиот предлог за Македонија со кој се прифаќаат сите бугарските услови.

Веќе неколку дена голем број граѓани протестираат искажувајќи дека се против францускиот предлог.