
Британскиот премиер Борис Џонсон во средата во писмо до шкотската премиерка Никола Старџен ѝ порачал дека сега не е времето за разгледување на прашањето за независноста на Шкотска.
Старџен минатата седмица најави планови за вториот референдум за независноста во октомври 2023 година, најавувајќи дека тоа ќе го бара и по правен пат, доколку британската влада реши да го блокира гласањето.
„Додека нашата земја се носи со предизвиците без преседан дома и во странство, не можам да се согласам дека сега е време да се вратиме на тоа прашање кое во 2014 година доби јасен одговор од шкотскиот народ“, одговорил Џонсон во писмото кое е објавено на службената страница на неговата влада.
Избирачите од Шкотска, која има 5,5 милиони жители, во големата антикампања со притисоци и контроверзното пребројување на гласовите, со 55,3 отсто од гласовите за останувањето во Обединетото Кралство.
Шкотската влада смета дека околностите се промениле со излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Тогаш 62 од Шкотите се одлучија за останување во Унијата.
„Да бидам јасна, Шкотска ќе има можност да избере независност, се надевам на референдум на 19-то октомври 2023 година, а доколку не, тоа ќе биде на парламентарни избори. Шкотска нема да биде заробеник на овој или на кој и да е премиер“, напишала Стареџен во средата во одговорот до Џонсон кој се бори со опстанок на премиерската позиција.