
Силно невреме вчера го зафати Белград, а српската полиција објави видеа на кои се гледа како евакуира граѓани кои биле зафатени од невремето.
Невремето предизивикало големи проблеми во многу делови од градот. Полицијата интервенирала и ослободувала граѓани кои биле заглавени во надојдената вода.
Противпожарните екипи евакуирале осум постари граѓани, а се евакуирале и лица кои среде поплавените улици останале заробени во своите автомобили.