
Американскиот претседател Џо Бајден, кого сопартијците од Демократската партија и приврзаниците го обвинуваат дека бил пасивен во одбраната на правото на абортус, ги повика во петокот гласачите, особено гласачките, во што поголем број да гласаат на претстојните избори за Конгресот на половината од неговиот мандат, за да му дадат отпор на Врховниот суд на САД.
Притоа Бајден, чии демократи во анкетите стојат послабо од републиканците за ноемвриските избори, оцени дека американскиот Врховен суд, во кој конзервативното мнозинство судии донесе одлуки кои го потресоа неолибералнот ткн „прогресивно“ милје на домашната политичка сцена, непримерно за американската политика ја коментираше дека највисоката судска инстанца во САД „се истргнал од контрола“ и повика дека граѓаните треба да дадат отпор на „екстремните планови“ на опозициските републиканци „кога станува збор за приватноста“.
Бајден е под притисок на приврзаниците, особено самонаречените „прогресивци“, да преземе нешто откако во јуни Врховниот суд ја укина пресудата без преседан од 1973 година во случајот „Ро против Вејд“ и дополнителната пресуда од 1992 година којашто повторно тоа го потврдила која го легализираше абортусот на целата територија на САД.
„Во името на Бога, во ноември се избори, гласајте, гласајте, гласајте“, повика Бајден во кусиот и борбен говор во Белата куќа.
Инаку, на почетокот од јули Бајден го повика Сенатот да се откажат од институтот „филибастер“, односно таканареченото супермнозинство кое бара поддршка од 60 до 100 сенатори за носење на закон, за пресудата од 1973 година да стане закон. Во современите демократии, за гласање закон е потребно квалификувано или двотретинско мнозинство во парламентот, додека во САД постои „супермнозинство“ од 60 гласови во Сенатот за да се изгласаат сите закони освен Буџетот, бидејќи секој застапник има можност да одолговлекува секоја законска иницијатива, доколку од другата страна не постои мнозинство коешто би го изгласало прекинувањето на опструкцијата.
Сепак, Бајден вети дека ќе „вложи вето“, доколку Републиканската партија победи на ноемвриските избори и донесе закон за забрана на абортусот во целите Соединети држави.
Говорот на Бајден во текот на потпишувањето на извршниот указ за низа прописи со ограничена употреба кои му се на располагање на американскиот претседател, претставува негов обид да се одбрани самиот од острите критики од неговите демократи.
Многу демократи и активисти сметаат дека Бајден и неговата администрација се чини дека беа затекнати од одлуката на Врховниот суд, иако таквата можност беше навестена уште кога во 2020 година во судот конзервативците добија големо мнозинство, морале да сторат повеќе па и да бидат политички поагресивни.
Велејќи дека е „сигурен“ оти „рекорден број“ Американки ќе излезат на избирачките места на изборите на средината од мандатот во ноември, Бајден призна дека „носењето на сојузен закон е најбрзиот пат за враќање на правото за прекин на бременоста“ во целата земја.
Моќта на секој американски претседател е ограничена, па така и сега на Бајден, бидејќи сојузните држави можат да носат закони со коишто би се ограничило правото на прекинување на бременоста и пристапот до контрацепцијата, па неговиот денешен извршен указ има само ограничено влијание.
Бајден ќе му нареди на министерството за здравство да ја заштити и да ја прошири достапноста до „лековите за абортусот“, коишто ги одобрила Агенцијата за храна и лекови (FDA), објави Белата куќа.
Според коментаторите, малку е веројатно дека лековите за прекинување на раната бременоста ќе бидат достапни, доколку не бидат издавани на рецепт. Указот на претседателот, имено, нема да се однесува на сојузните држави кои веќе го ограничија пристапот до таквите средства.
Бајден, покрај тоа, ќе му нареди на министерството за здравство да им обезбеди на жените „пристап до итната медицинска помош, услугата за планирање на семејството и контрацепцијата, вклучително и спиралната контрацепција“. Државниот правобранител и Белата куќа ќе обезбедат адвокати кои бесплатно правно би ги советувале пациентките кои сакаат да извршат абортус, како и лекари и институции кои ќе го извршат абортусот.
„Тоа вклучува и заштита на правата на патување надвор од (сојузните) држави поради медицинска заштита“, се додава во соопштението на Белата куќа.
Врховниот суд на САД повикувајќи се на Уставот им ги врати на сојузните држави овластувањата да решаваат за абортусот. Поради тоа, жените кои сакаат да ја прекинат бременоста патуваат од државите во кои е забранет таквиот зафат во државите каде што абортусот е легален и достапен, купуваат средства за хемиско прекинување на бременоста преку интернет или извршуваат потенцијално ризично абортуси во илегални здравствени установи.