
ВМРО-ДПМНЕ денес ќе ги поддржи најавените блокади на „Ултиматум – Не благодарам“ кои ќе се одвиваат на четири локации од 13:00 часот до 14:00 часот, при што се предвидени и изјави за медиуми.
На раскрсницата кај Влада на Република Македонија, на адреса Булевар „Илинден” бр.2, изјава за медиуми ќе даде Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ;
На регионалниот пат од Прилеп, на Заполшки мост кон Плетвар, изјава за медиуми ќе даде Ѓоргија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ;
На регионалниот пат од Радовиш кон Струмица, бензинска пумпа „Тритерол”, изјава за медиуми ќе даде Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ;
На регионалниот пат од Штип кон Велес, населено место Сарамзалино, изјава за медиуми ќе даде Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од партијата.