
Индерџит Каур полагала теорија и практичен дел од возачки испити низ ОК, вклучувајќи ги Свонси, Кармартен, Бирмингем и Лондон, од 2018 до 2020 година.
29-годишната девојка била фатена кога вработените во тест центрите се загрижиле дека таа глуми кандидати. Ја предупредиле Агенцијата за стандарди за возачи и возила (DVSA) и започнала истрага од Таријан, регионалниот тим за организиран криминал за Јужен Велс.
Полицајците откриле дека Каур полагала тестови за кандидати кои не знаат да зборуваат или да читаат англиски, а во замена за готовина.
Каур, од Ланели, Јужен Велс, се изјаснила за виновна за измама пред судот на Краун Свонси вчера и беше осудена на осум месеци затвор. На возачите кои со измама им обезбедила дозволи преку Каур, сега се очекува да им бидат одземени, соопшти DVSA.
Главниот инспектор Стивен Малони, од Таријан, рече дека Каур ги изложила животите на ризик со полагање неквалификувани возачки тестови.
„Злосторствата што ги изврши Каур ги изложија на ризик невините учесници во сообраќајот дозволувајќи им на неквалификуваните и опасни возачи да поседуваат навидум легитимни дозволи“, рече тој и додаде:„Безбедноста на нашите патишта отсекогаш била приоритет и апсењето на оние што го прекршуваат законот гарантира дека неквалификуваните возачи ќе ги оддалечат од патот“.
Керолин Хикс, шеф на регулаторни услуги и трансформација во DVSA, рече: „Приоритетот на DVSA е да ги заштити сите од небезбедни возачи и возила. естовите за возење и теоретските тестови постојат за да се осигураат дека луѓето го имаат вистинското знаење, вештини и став за да возат по нашите патишта. Затајувањето на тестот ги става животите во ризик, имаме методи за откривање на тест мамење и тоа тешко ќе им наштети на луѓето кои се вклучени“.