Двајца тетовци повикани во полиција, се заканувале на Фејсбук

Тетовската полиција повика на службен разговор еден жител на градот и еден жител на село од околината, кои се заканувале и промовирале омраза и насилство во коментари на Фејсбук, соопшти МВР.

„Секторот за внатрешни работи Тетово во координација и содејство со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР целосно расчисти два случаи на коментари со заканувачка содржина со кои се промовирале или поттикнувале омраза и насилство, напишани на објави од интернет портали“, велат од полицијата.

„Поради сомнение дека се автори на ваквите коментари, во Полициската станица Тетово вчеравечер (09.07.2022) повикани се Џ.Л.(40) од Тетово и Д.Р.(37), од тетовско село, извршен е службен разговар со двајцата, при што Д.Р. го признал делото“, додаваат од МВР.

По документирање на случајот против двете лица ќе следуваат соодветни поднесоци.