Видео| Протоколот ќе се објави откако ќе биде потпишан

Сите документи поврзани со францускиот предлог се јавно достапни, граѓаните може да ги прочитаат, а протоколот не е уште финализиран и објавен, кога ќе се потише ќе биде објавен.

Ова го изјави пратеникот од ДУИ,  Арбер Адеми.

Посочи дека не знае што точно ќе пишува во билатералната декларација на Бугарија.

– Од каде да знаеме. Ако тие имаат право на одвоено мислење и ние имаме право на издвоено мислење, рече Адеми.

Тој додаде дека токму поради противењето на Бугарија на јазикот досега го немаме потпишано договорот со ФРОНТЕКС.

– Ако се прифати предлогот веднаш ќе го потпишеме на овој јазик на кој што зборуваме сега јас и вие. На македонски јазик и ќе имаме за првпат таков договор. Ќе имаме документ со ЕУ каде што македонскиот јазик ќе биде заштитен сега и засекогаш и ќе имаме исто така договор за првпат на македонски јазик како дел од официјалниот јазик. За што сега ние зборуваме. Ако не се реши проблемот, ако не го прифатиме предлогот што ќе се случи? Пак ќе се оспорува нашиот јазик, нашиот идентитет од нивната страна, ние ќе бидеме изолирани како изолирано островче ќе пробаме да преживееме. Дали е тоа решение? Секако дека не е. Значи, ниту има проблем, ниту се оспорува македонскиот јазик и тоа се потврдува на документите, рече Адеми.

Во продолжение погледнете ја неговата изјава….