ВИДЕО| Украинските маринци учеле од прирачници на исламистичките терористи во Чеченија

Во запленет лаптоп на припадник на украинската морнаричка пешадија (маринци), биле пронајдени инструкции за терористи, во кои биле земани предвид искуствата од борбите во руската федерална република Чеченија во 1990те година кои ги водеа исламистичките бунтовници.

Како што пренесува дописникот на агенцијата РИА, кој има увид во содржината на лаптопот, во воведот од споменатите инструкции се наведува дека „до документ е дојдено како резултат на оперативните случувања во Чеченската Република“ и оти „ќе биде полезен за офицерите кои размислуваат“.

Првиот дел од инструкциите е насловен „Дејства во планини и во шуми“ и вклучува точки како „непријатност од ненадеен напад од непријателот“, „погодност за заштита и одбрана“, „Опремување на скришно место за складирање оружје, муниција, опрема и храна“, „Присуство на извори на питка вода во близина“, „Организирање заседи за непријателот“, „Минирање на областа“….

Притоа поголем дел од точките се посветени на минирање на теренот и во урбани и во рурални средини.

Вториот дел од инструкциите, според истиот извор, бил насловен со „Дејства во населено место“ и бил посветен на основите на конспирацијата и борби во урбани средини, доколку властите ја откријат терористичката ќелија.

Како што се констатира во прилогот на агенцијата, постоењето на ваквите детални упатства и инструкции укажува на тоа дека припадниците на украинските формации составени од припадници на крајно десничарските и ултранационалистички движења кои се вклучени во редовната украинска војска, однапред биле подготвени за терористички акции и операции против проруските сепаратисти и руските единици. Од претходно е познато, имено, дека од украинската војска е побарано целосно да го искористи насобраното искуство на меѓународните терористи во текот на исламистичкиот бунт на Северен Кавказ кои сакаа да го прогласат ткн Кавкаски калифат.

Чеченските исламистички бунтовници со помош на западните разузнавачки служби во 1990-те години војуваа против руската војска, сѐ до доаѓањето на Владимир Путин кој ја стабилизираше армијата. Во текот на тие борби, според руското обвинителство кое собира изјави од очевидци со години, учествувале и припадници на неонацистичките групации од Украина.

Така утврдено е и дека првиот украински премиер по превратот во Киев во 2014-та, Арсениј Јанценјук, во 1994/1995 година како дел од казнените одреди „Арго“ и „Викинг“ (водени од Александр Музичко водач на украинските ултранационалистички групи кој беше ликвидиран во Украина во судир со полицијата откако власта во 2014-та ја преземаа прозападните сили), учествувал во напад врз болница во Чеченија, во измачувања и ликвидации на руски и чеченски полицајци и војници.

Челникот на кавкаската република Чеченија, Рамзан Кадиров, објави во март снимка од борби на руските сили во источната проруска област Луганск против едно од последните упоришта на украинските паравоени формации и истовремено објави дека јужниост пристанишен град Мариупол е ослободен од „бандеровските ѓубриња и нацисти и од чеченскојазичните шејтани“…

Кадиров тогаш алудираше на украинските крајно десни групации чијашто идеологија произлегува до Степан Бандера, украински националист кој во Втората светска војна бил сојузник на нацистичка Германија. Приврзаницте на овие групации чиј најголем противник историски е Русија, учествуваа во Чеченските војни од 1990-те години на страната на исламистичките радикали кои сега заедно со нив се борат против руските сили во Украина.

Во видеото беа приложени кадри од упориштата на украинските борци и странски платеници во челичарницата „Азовстал“ крај Мариупол на кои се забележуваат и знамиња и ознаки кои ги користат џихадистичките борци.