
Илјадници истечени датотеки разоткриваат како компанијата „Uber“ им се додворувала на највисоките политичари и колку далеку одела настојувајќи да се наметне во такси индустријата, пренесува BBC.
Истечените податоци детално ја опишуваат обемната помош којашто „Uber“ ја добил од политички челници, како на пример актуелниот француски претседател Емануел Макрон и поранешната комесарка за антимонополски политики на Европската унија, Холанѓанката Нели Крис.
Големото количество доверливи фајлови открило како се кршеле законите, се мамела полицијата, се користело насилство над возачите и тајно се лобирало кај владите во текот на агресивната глобална експанзија на „Uber“. Откриваат, исто така, дека компанијата се обидела да си обезбеди поддршка со додворување на премиер, претседатели, милијардери и медиуми.
Фајловите, исто така, покажуваат дека поранешниот шеф на компанијата лични наредил користење на ткн „kill switch“ за да се спречи полицијата да им пристапи на компјутерите на „Uber“.
Компанијата на сето тоа одговорила дека нејзиното „однесување во минатото не било во согласност со сегашните вредности“ и дека денес е „поинаква компанија“.
Спорните датотеки на „Uber“ ја сочинуваат повеќе од 124.000 записи, вклучително 83.000 електронски пораки и 1.000 други датотеки коишто содржат разговори во периодот од 2013 до 2017 година.
Овие записи протекле во британскиот дневен весник The Guardian и споделени се со Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари и повеќе медиумски компании. Тие првпат откриваат како лобирањето и односите со јавноста во износ од 90 милиони американски долари годишно регрутирало „пријателски“ политичари да помогнат во кампањата чијашто цел била попречување на европската такси индустрија.
Немилосрдните деловни методи на „Uber“ беа нашироко познати и критикувани, но првпат датотеките даваат единствен поглед однатре на тоа колку далеку компанијата одела за постигнувањето на своите цели.
Во периодот кога француските таксисти организираа понекогаш и насилни протести на улиците против „Uber“, тогашниот министер за економија Емануел Макрон, бил во контакт со контроверзниот челник на „Uber“, Тревис Каланик и му рекол дека ќе ги реформира законите во полза на компанијата, пишува BBC.
Макрон го гледал „Uber“ како извор на раст и вработувања, и сакал да му помогне, коментира британскиот јавен сервис.
Фалјовите натаму покажуваат дека поранешната дигитална еврокомесарка Нели Крис, една од тогаш највлијателните и највисоките функционери во Брисел, била во преговори да му се придружи на водството на „Uber“ пред истекот на нејзиниот мандат во Европската комисија. Потоа потајно лобирала за компанијата, потенцијално кршејќи ги етичките правила на ЕУ.
Во тој период „Uber“ не бил само една од најбрзо растечките компании на светот, туку и една од најконтраверзните, којашто ја следеа судски процеси, обвинувања за сексуално вознемирување и скандал околу кражба на податоците.
По сетот тоа, акционерите без заситени од скандалите и Тревис Каланик во 2017 година мораше да си замине. Од „Uber“ велат дека неговата замена Дара Хосрошахи „имаше задача да го трансформира секој аспект од делувањето“ на компанијата и дека „инсталираше ригорозни контроли и усогласеност потребни за работењето на Uber како јавна компанија“.