
Повеќе од педесет загинаа во судирите на вооружените пресметки меѓу членовите на бандите во хаиќанската престолнина Порт-о-Пренс, пренесува агенцијата Reuters повикувајќи се на локалните власти, откако претходно во понеделникот беше соопштено за дваесет жртви.
Во последниот извештај се наведува дека повредени се уште други 100-ина лица, од кои 50 се во тешка состојба. Локалните медиуми објавија дека криминалците ги палеле телата на убиените на улиците.
Поради крвавите судири, повеќе стотици жители на Порт-о-Пренс останале просто заробени повеќе часови во своите домови.
Агенциите на Обединетите нации известуваат за остро влошување на безбедносната и хуманитарната ситуација на Хаити по атентатот од 7ми јули 2021 година врз претседателот Џовенел Мојс, како и земјотресот од август истата година, во кој загинаа повеќе од 2.200 луѓе.