Францускиот предлог в четврток на дневен ред во Собрание!

На 80-та седница на Собранието, која е закажана за 14.7.2022 (четврток), со почеток во 13:00 часот, точка на дневен ред е „Информација од Владата на Македонија за францускиот предлог за европските интеграции”.

Владата е одлучена да го протурка и покрај тоа што јавноста уште не знае што е договорено и какви последици тоа ќе остави на Македонија.