
Една Македонка е повредена, додека две лица се загинати и уште три се повредени од непозната националност во стравична несреќа со диви свињи кај Солун.
Полициско возило со 42-годишен полицаец и уште двајца негови колеги на возраст од 44 и 36 се судриле со чопор диви свињи.
Потоа со нив се судрила и 56-годишната Македонка, која е повредена, како и нејзиниот сопатник, додека во несреќата учествувало уште едно возило, управувано од 53-годишен маж и 48-годишен сопатник, кои ги изгубиле животите.