
Европскиот суд на правда делумно му ја призна оправданоста на тужбеното барање на операторот со суспендираниот руско-германски гасовод Северен тек 2, компанијата „Nord Stream 2 AG“ против одлуката на Европската комисија со кое се оспорува дополнувањето на ткн гасна директива на Европската унија, произлегува од соопштението на судот објавено во вторникот.
Во одлуката на највисоката судска инстанца на ЕУ се наведува дека судот од општа јурисдикција на Унијата направил грешка во одлуката од 20-ти мај 2020 година, отфрлајќи го тврдењето за дискриминаторскиот карактер на гасната директива на ЕУ во однос на Северен тек 2.
„Судот утврди дека дополнувањата на директивата влијаат врз правната состојба на Nord Stream 2 AG, како резултат на тоа дојде до спротивен заклучок, судот од општа надлежноста“, се наведува во соопштението.
Врз основа на сегашната одлука, операторот на гасоводот чие пуштање во функција е блокирано во рамките на антируските санкции на ЕУ поради војната во Украина, може повторно да поднесе барање против директивата на ЕУ во Европскиот суд на правдата за повторно разгледување.
„Судот утврди дека барањето за поништување (на амандманите на директивата на ЕУ за гасот) треба да биде признато дека спаѓа во надлежноста на судот“, се додава во одлуката.
Европскиот суд за општа надлежност во 2020 година го отфрли барањето на „Nord Stream 2 AG“ против амандманите на европската директива. Операторот на гасоводот посебно ја оспори одредбата за исклучително кусите рокови за издавање изземање од ограничувањето на гасната директива.
Тој документ, меѓу другото, ги прошири и на странските поморски гасоводи коишто водат во ЕУ истите правила како и за гасоводите кои минуваат по копно, вклучително и барањето од третиот енергетски пакет на ЕУ да се резервира половината од капацитетите за транспортот на гасот на независни потрошувачи и дека операторот со таа инфраструктура мора да биде целосно независен од компаниите кои ги произведуваат гасот.