
Иако во официјалното клупско соопштение не се спомнуваат бројки, медиумите од Шпанија шпекулираат дека отштетата која ќе му ја плати на Лидс ќе изнесува околу 60 милиони евра. Фудбалерот веќе ги договорил личните услови со Каталонците и остануваат само уште медицинските прегледи за да биде промовиран.
Рафиња игра на десната крилна позиција, истата на која прва опција на Чави ќе му биде Усман Дембеле. И тој официјално го продолжи договорот со Барса, па конкуренцијата ќе биде на високо ниво.
Целата оваа „прашина“ околу себе Рафиња ја заслужи со добрите настапи во Лидс во последниве две сезони. Пред тоа настапуваше во Рен (2018/19) во француското првенство и во Португалија, во Спортинг и во Виторија Гимараеш.